Финска бара укинување на летното сметање на времето

Финска бара укинување на летното сметање на времето


Финската Влада најави дека ќе поднесе барање до Европската унија да се укине летното сметање на времето, откако 70.000 фински граѓани тоа го побараа преку петиција.

Финската министерка за транспорт и комуникации Ен Бернер изјави дека цел на барањето е летното сметање на времето да се укине ширум ЕУ.Според иницијаторите на барањето, промената во сметањето на времето предизвикува нарушување на сонот, намалување на ефикасноста на работа, а може да предизвика и здравствени проблеми.Од друга страна, Финците велат дека на северот на Европа не се чувствуваат речиси никакви придобивки од промената на времето.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно