ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ЛЕПТОКАРИЈА: Испукале два куршума и избегале!

ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ЛЕПТОКАРИЈА: Испукале два куршума и избегале!


Некаде околу 22.00 часот во казино лоцирано на бул.Партизански Одреди, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“ се случила тешка кражба во казиното „Астра“

Од полицијата, за Инфоцентар го потврдија случајот.

Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главата, а и двајцата носеле автоматски пушки „калашников“.

- Кражбата се случила молскавично брзо, а во нападот, според засега непотврдени информации едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното. Нападот, според приватното обезбедување траел 20-тина секунди. Откако ги земале парите, влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец, пишува порталот.

Од МВР за Инфоцентар го потврдија настанот, и информираа дека полицијата работи на расчистување на случајот, а на лице место веќе се прави увид.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно