ФИФА ги одреди судиите за СП, нема ниту еден Англичанец

ФИФА ги одреди судиите за СП, нема ниту еден Англичанец


Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска официјално ги објави имињата на судиите кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство во Русија.

ФИФА одреди 36 главни судии и уште 63 нивни асистенти за мундијалот, а изненадувачки делува фактот што на списокот нема ниту еден арбитар од Англија, нешто што се случува првпат по 1938 година. Марк Клатенбург го судеше финалето на Европското првенство во 2016 година, но фактот што веќе не суди во Премиер лигата, го остави без можност да биде дел од судиската елита на ФИФА на претстојното првенство. Клатенбург бил единствениот судија на поширокиот список, а иако Англиската федерација побарала од ФИФА да го замени со друг судија од оваа земја, одговорните одбиле такво нешто.

На ова СП ќе дебитира ВАР технологијата, а судијата одговорен за секој натпревар ќе биде биран од оние кои се избрани да бидат дел од мундијалот во Русија.

Европски главни судии се: Феликс Брих (Германија), Џунејт Чакир (Турција), Милорад Мажиќ (Србија), Сергеј Карашев (Русија), Бјорн Кујперс (Холандија), Шимон Марсинијак (Полска), Антонио Матеу Лахоз (Шпанија), Џанлука Роки (Италија), Дамир Скомина (Словенија) и Клемен Турпан (Франција).

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно