FIFA безмилосна за расистички навреди

FIFA безмилосна за расистички навреди


За време на пријателскиот меч помеѓу Русија и Франција во Санкт Петербург повремено можеа да се слушната мајмунски крици од трибините кои беа упатени на црномурестите „триколори“, особено кон Пол Погба.

Поради ова, ФИФА веднаш отвори истрага и во тек е собирање на материјални докази.

На една од снимките која ФИФА ќе ја употреби како доказ јасно се слушат крици во момент кога топката кај себе ја има Погба.

Сооглед на тоа што веќе има јавно видливи докази, прашање на време е само кога ФИФА ќе ја соопшти својата одлука и висината на казната која нема да биде нималку наивна.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно