Федерер прифаќа се, само да биде прв

Федерер прифаќа се, само да биде прв


Рожер Федерер пред десетина дена ја освои својата јубилејна 20-та грен слем титула во кариерата откако стигна до трофејот на Австралија Опен, а почнаа да се прават калкулации за тоа како може да биде прв на АТП листата.

Прогнозите велеа дека Федерер ќе биде блиску до првото место на АТП листата доколку Надал не настапи во Акапулко поради повреда, а тој стигне до полуфиналето на турнирот во Дубаи каде лани потфрли уште во првата рунда, но сега целото ова сценарио се менува откако искусниот Швајцарец одлучи да прифати изненадувачка „вајлд карта“.

Федерер ја прифати поканата од организаторите на турнирот во Ротердам кој е од АТП серијата 500, па ако 20-кратниот шампион стигне до полуфиналето на турнирот кој е на програмата од 12 до 18 февруари, ќе стане и најстариот светски рекет број еден во историјата на тенисот.

Надал во овој момент има предност од само 155 бода во однос на Федерер, а со оглед на тоа што турнирот во Акапулко е подоцна на програмата, евентуален пласман на швајцарскиот маестро во полуфиналето во Ротердам ќе го остави без првото место на АТП листата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно