Федерер откри каков план има за пензионерските денови

Федерер откри каков план има за пензионерските денови


Рожер Федерер се уште не сака да размислува за крајот на кариерата, но се почесто се слушаат шпекулациите дека следната сезона ќе му биде последна.

Швајцарецот нема олимписко злато во сингл, но вели дека не се оптерерува со настап во Токио во 2020 година.

– Не сакам да размислувам за тоа што ќе се случува по две години, не се оптеретувам со Токио, исто така како што не го правев тоа ниту со Олимпијадите во Лондон и Рио. Два пати бев знаменосец, освои злато и сребро и мислам дека направив големи работи на олимписките игри, – вели Федерер. Тој има своја желба и за пензионерските денови. 

– Би сакал да посетам некои места во Азија, Австралија, Јужна Африка, па можеби и Јужна Америка. Исто така би сакал да ја обиколам Европа со автобус или автомобил, најдобро со децата иако тие одат во училиште. Немам големи амбиции, затоа што сум патувал многу во животот, а најважно ми е барем шест недели да бидам во Швајцарија и да можам малку да се опуштам, – одговорил Швајцарецот во интервјуто за германски „Магазин“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно