Ф-1:За пол позиција, спринт трка

Ф-1:За пол позиција, спринт трка


Челните луѓе на Формула 1 сериозно размислуваат да го сменат системот на квалификациите пред секоја трка на гранпријата, по што ако се остварат најавите никогаш повеќе битките за пол-позицијата нема да бидат исти.

Ф1 одамна стана голем бизнис, но со низата промени полека се загуби интересот за најсилниот автомобилски циркус, па затоа раководството на Ф1 планира да направи низа промени со цел да привлече повеќе публика. Квалификациите од година во година се сè помалку гледани и поради тоа одлуката била да се направат коренити промени за да се врати интересот.

Наводно, во Ф1 сериозно размислуваат досегашните квалификации во битка за пол-позицијата низ три квалификациски етапи во битка за најдобро време, да биде сменето во спринт-трка на 100 километри без ограничувања на лимит на гориво и на гуми. Всушност таква спринт-трка би донела голема возбуда и би била супер интересна најава за гранприто ден потоа.

Врз база на резултатите на спринт трката би се формирала стартниот поредок за трката. Сега останува на овој предлог да се изјаснат тимовите и ако се прифати, овој нов систем на квалификации би бил воведен во 2021 година.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно