Евакуирани околу 1.500 луѓе во Париз поради високото ниво на Сена

Евакуирани околу 1.500 луѓе во Париз поради високото ниво на Сена


Околу 1.500 луѓе беа евакуирани од своите домови во Париз, откако властите соопштија дека има голем ризик од поплава поради високото ниво на реката Сена, пренесе Ројтерс.

Шефот на париската полиција прокоментира за новинарите дека околу 1.500 лица се евакуирани и се сместени во регионот Ил де Франс, кој ја вклучува француската престолнина и неговите предградија. „Водата полека ќе се повлече“, рече шефот на полицијата. Водите на Сена се очекува да го достигнат врвното ниво денеска или рано во понеделник – блиску до нивоата кои доведоа до слични поплави во 2016 година, наведуваат властите. 

Реката веќе ги покрила патеките за прошетка крај реката во Париз и натерале „Лувр“ да го затвори подземниот кат, каде што се наоѓаат уметнички дела. Париските туристички бротчиња „Bateaux Mouches“ беа запрени поради високите води, а на места, каде што се наоѓаат тротоари, пливаат лебеди и се гледаат стаорци, кои излегле на улиците на градот. 

Поплавите во 1910 година предизвикаа големи штети во Париз. Тогаш нивото на Сена се зголеми за 8,65 метри. За среќа, не се регистрирани смртни случаи.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно