EU должи 12.5 милијарди евра.Грција најголем должник

EU должи 12.5 милијарди евра.Грција најголем должник


Вкупниот долг на ЕУ изнесува 12.500 милијарди евра, се вели во податоците на европската статистичка канцеларија Еуростат, но може да биде и уште поголема, според проценките на Раша Тудеј.

Учеството на јавниот долг во бруто-домашниот производ (БДП) од 28-те земји-членки на ЕУ е намален на 82,5 проценти од БДП во третиот квартал на 2017 година, што е намалување од 82,9 проценти од БДП во однос на истиот квартал од претходната година, според податоците на Еуростат.

Грција, како што е дефинирано, има најголем долг во еврозоната од 177,4 отсто од БДП, по што следува Италија (134,1 проценти од БДП) и Португалија (130,8 отсто од БДП).

Сепак, според статистиката на Еуростат во долгот влегуваат државните гаранции поврзани со обврските на трети страни, но не и потенцијални обврски кои можат да предизвикаат големи проблеми.

Имено, ако само мал дел од овие гаранции треба да се отплатат тоа ќе создаде голема дупка во буџетот на државата.

Ова значи дека постојат многу ризици за кои многумина не се свесни.

“Под одредени околности, непредвидените обврски може да станат вистински обврски. Исто така, лоши заеми може да предизвикаат загуби на земјата ако овие кредити не се отплатат”, се вели во извештајот на Евростат.                                                                                                                               

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно