Ердоган против марионетата Харадинај

Ердоган против марионетата Харадинај


Ердоган во говорот го нарекува Харадинај марионета, „чии конци ги влечат други“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го предупреди косовскиот премиер Рамуш Харадинај „дека ќе мора да преземе одговорност“, пренесоа медиумите. Како што наведуваат, Ердоган ова го изјави поради случајот со турските државјани кои се депортирана од Косово во Турција, бидејќи, наводно биле „ѓуленисти“.

Коха пренесе дека Ердоган го критикувал Харадинај поради отпуштањето на министерот за внатрешни работи и шефот на разузнавачката агенција, како и дека ги повикал луѓето од Косово да протестираат против него.

Исто така, Ердоган во говорот го нарекува Харадинај марионета, „чии конци ги влечат други“.

„Кариерата на премиерот на Косово ќе заврши“, предвиде Ердоган, пренесе Коха.

„Премиеру на Косово, по чии инструкции ги презедовте тие чекори? Од кога ги заштитувате оние кои пробаа државен удар во Турција? Зарем не знаете дека ние ве признавме веднаш по Америка? Како можете да заштитувате пучисти, а Турција ве прегрна како брат? Ќе платите за тоа. Моите косовски браќа не треба да даваат кредибилитет на премиер како што си ти. Моите косовски браќа, Косоварите што јас ги знам, ќе бараат да бидеш одговорен за ова“, наведе Ердоган, а пренесе Коха.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно