Епидемија на грип ?

Епидемија на грип ?


Во текот на изминатата недела (од 29 јануари до 4 февруари), во Република Македонија се регистрирани 2.001 заболен од грип,

Ова е зголемување за 84 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.085 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 563 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во петтата недела за 3,6 пати.

Регистрираната инциденца и oваа недела е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно над прагот што означува влез во сезоната на грип.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно