Епидемија на бурилски чир се шири по светот

Епидемија на бурилски чир се шири по светот


Лекарите во Австралија повикале итни истражувања за да одговорат на прашањето зошто чирот кој го јаде човечкото месо станал "епидемија која се повеќе се влошува" во сојузната држава Викторија.

Локалните случаи на бурулскиот чир, кожна болест која обично се појавува во Африка, скокнале за 400 проценти во последните четири години. Покрај тоа, инфекциите станале се потешки и се шират на нови делови од телото. Лекарите не знаат како да ја спречат оваа болест, која предизвикува бактерии кои го уништуваат ткивото, пишува "BBC". Минатата година биле забележани рекордни 275 нови заразени, што е скок во однос на 2016. година за 51. процент. Експертот за заразни болести др. Даниел О'Брајан, рекол дека случаите со бурулскиот чир во тој регион станале "застрашувачко чести и тешки". Додал дека не е јасно зошто овој вид на чир, кој типично се појавува во тропските подрачја, се појавил во Викторија, посебно затоа што до пред неколку години во главно се појавувал само во Квинсленд.

Бурулскиот чир е кожна болест која ја предизвикува бактеријата "Mycobacterium ulcerans". Бактеријата испушта отрови кои ги уништуваат клетките на кожата, капиларите и поткожното масно ткиво, и доведува до формирање на чир и губење на кожата. Чирот со време расте и може да доведе до трајна рана, па дури и инвалидитет. Чирот обично настанува на екстремитетите, но може да се појави и на лицето и телото. Лекарите не знаат како се пренесува на луѓе, но веруваат дека доаѓа од околината. Постои и теорија дека го пренесуваат комарци.

Во текстот за "Medical Journal of Australia", лекарите ја повикале владата да финансира истражување на болеста и нејзините причинители. "Никој не разбира што се случува и што ја предизвикува епидемијата", рекол коавторот на текстот, др. О'Брајан. "Можеме да понудиме претпоставки, но не и дефинитивни одговори. Ова е мистерија". Овој лекар вели дека некои теории вклучуваат и фактори како дожд, видови на земјиште и животни во дивината. Минатата година властите пронашле трагови од бактеријата во фекалиите на локалниот опосум. "Проблемот е во тоа што немаме време да седнеме и да разговараме за ова, епидемијата достигна застрашувачки пропорции", рекол О'Брајан.

Чировите тешко се лечат и пациентите често мора да заздрават од 6 до 12 месеци. Многу луѓе мора да одат и на реконструктивна хирургија. Болеста е најчеста во рурална западна и централна Африка, Нова Гвинеја, Латинска Америка и тропските подрачја на Азија. Во земјите во развој болеста е најчеста во влажните подрачја со стоена вода, но во Австралија повеќето случаи потекнуваат од крајбрежните краишта.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно