Експлозија во возило во Црна Гора, загинат член на банда

Експлозија во возило во Црна Гора, загинат член на банда


Едно лице загина во експлозија во гаража во хотелот „Премиер“ во Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми.

Загинатото лице, според информациите, се наоѓало во блиндиран автомобил марка „БМВ“, кое експлодирало непосредно по влегувањето во гаражата. Во експлозијата нема други повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. 

Првичните прелиминарни податоци по прегледот на блиндираното возило, како што пренесува РТС, укажуваат на тоа дека до експлозијата најверојатно дошло внатре во возилото, со оглед на оштетувањата што се наоѓаат во возилото, а причината на експлозијата ќе биде утврдена по вештачењето. Во соопштението се наведува дека полицијата има сознанија за идентитетот на загинатиот и тие сознанија се проверуваат. 

Од полицијата за „Вјести“ е кажано дека возилото го користел Д.Ч., но сè уште не е потврдено дали тој вечерта бил во возилото и дали тој е загинатиот. Според информациите од полицијата, се работи за припадник на криминална група и возилото неодамна му било одземено од полицијата поради проверка.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно