Експлозија пред куќата на црногорски новинар

Експлозија пред куќата на црногорски новинар


Силна експлозија доцна синоќа одекна пред куќата на новинарот Сеад Садиковиќ од црногорската телевизија Вијести.

Силна експлозија доцна синоќа одекна пред куќата на новинарот Сеад Садиковиќ од црногорската телевизија Вијести. Државната телевизија на Црна Гора јавува дека експлозијата во центарот на Бијело Поље била активирано под автомобил со белградски регистарски таблички. Новинарот Садиковиќ во изјава за црногорските медиуми вели во моментот кога се случила експлозијата тој не бил дома, а за тоа му јавила сопругата. Тој додава дека никој не е повреден, а нема ни штета на неговата куќа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно