ЕКСКЛУЗИВО: Еден починат и четворица повредени при истовар на мермер во Кочани

ЕКСКЛУЗИВО: Еден починат и четворица повредени при истовар на мермер во Кочани


Едно лице починало, а четири работници се повредени при истовар на мермер во фирма во Кочани

Несреќата се случила попладнево околу 17 часот,  во близина на градската капела, при што неколку мермерни плочи ги пригмечиле лицата кои ги истоварале од камион.Според првичните сознанија од дежурниот хирург во Општа болница – Кочани, едно лице било донесено без знаци на живот, а други двајца со апарат за вештачко дишење се препратени во Клиничкиот центар во Скопје. 

Останатите се задржани на лекување во Кочани. Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно