ЕКСКЛУЗИВНО:Роберт Димитров - Роби со прекрасна изјава и најава на нешто Спектакуларно во Штип!

ЕКСКЛУЗИВНО:Роберт Димитров - Роби со прекрасна изјава и најава на нешто Спектакуларно во Штип!


Дали ќе звучи нескромно ако кажам дека овој викенд беше совршен? Моето омилено Ангелс кафе овој викенд беше центарот на Македонија. Навистина сите патишта водеа во #Штип.

Имавме кратко време за да го организираме петтото издание на „СБФ“. 
Да бидам искрен, ни не планирав. Но, кога видов колкава подршка се даде на иницијативите по социјалните мрежи за отворање на АнгелсКафе, заклучив дека на нашиот град му требаат позитивни вибрации. Нешто да не отргне од проблемите, политиката, народњаците и турбо фолк забавите на кој се сведе Штип. Оваа одлука тимот на „Ангeлс кафе“ со задоволство ја дочека, спремен за акција.

Имавме неполни 2 месеца да го адаптираме локалот кој 2 години беше затворен, да најдеме персонал, да одбереме Диџеи, навреме да стигнат боите, танчерки, сликари, дронови, маси, песок и ред други работи за да се организира еден вака голем настан. 
Сега кога се се заврши, можам само да кажам дека сум презадоволен и среќен што успеавме заедно со целиот тим да ви овозможиме еден незаборавен викенд исполнет со добра музика, квалитетна услуга и убава енергија која ќе ја чувствуваме и споделуваме уште долго време. 
Сега кога ги гледам фотографиите свесен сум дека сите заедно испишавме историја за урбаниот живот во Штип.
Сакам да се заблагодарам на целиот персонал кој даде максимум за да бидете услужени навреме, да се чувствувате безбедно во локалот и да добиете третман на почитувани гости каков што заслужувате . Да се заблагодарам на тимот кој учествуваше во изборот на ДЈ-и, дизајн, идеи за тематските забави 222 , сликари, на колегите од Телекабел кои даваа техничка поддршка за време на фестивалот, на ТВ 24 и радио Ангелс фм за убавите прилози и вклучувања во живо со што овозможија овој настан да го следат многу љубители на убавата музика, а кои небеа во можност да присуствуваат. 

Да се заблагодарам на Alfa Sound, DVD Pet за беспрекорниот звук и видео ефекти.

Сепак најголема благодарност до сите Вас кои бевте присутни овој викенд во Ангелс кафе и ни верувавте дека ова навистина ќе биде настан за паметење. Според нашите проценки овој викенд имавме повеќе од 10 илјади гости. Сите расположени и дојдени за да си поминат убави моменти. Тоа допринесе сите да си поминеме навистина совршено без ниту еден инцидент.

Единствен проблем беше големиот број гости кои не можеа да влезат поради тоа што се резервираше маса за 5 а доаѓаа 10 лиѓе, па во одреден момент кога беше преполно од безбедносни причини влезот беше затворен. На сите што останаа надвор бидејќи каснеа, им се извинуваме и им благодариме на разбирањето.
Се гледаме наскоро на некоја нова забава. А дотогаш останете во добро здравје.

Локалот ќе работи за кафе до 14 Септември кога ќе биде затворен поради реновирање, изјави Роберт Димитров - Роби



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно