ЕКСКЛУЗИВНО: Митко Чавков префрлен во самица поради тепачка со цимерот во Затворот Шутка!

ЕКСКЛУЗИВНО: Митко Чавков префрлен во самица поради тепачка со цимерот во Затворот Шутка!


Како што неофицијално од извори во затворот “Скопје” дознава порталот „Iportal“ синоќа дошло до физичка пресметка помеѓу Митко Чавков и неговиот цимер.

Прво дошло до вербална расправија помеѓу нив, но цимерот на Чавков малку претерал без да го респектира и отворено го запрашал кој сега му ги троши украдените народни пари и на што се надева во иднина бидејки го чека повеќедецениска затворска казна.

Чавков не можел да премине преку ова па физички го нападнал цимерот и завршил во самица…, наведува „ипортал“


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно