ЕКСКЛУЗИВНО: Дејан Герасимов - Ханс ќе биде новиот директор на КПД Штип

ЕКСКЛУЗИВНО: Дејан Герасимов - Ханс ќе биде новиот директор на КПД Штип


Со огласот на Владата на Република Македонија за именување на директори во државните институции, редакцијата на ИнфоЦентар од блиски извори дознава дел од новите први луѓе во државните институции.

Безбедњак кој поеќе од 12 години е на оваа работна позиција воедно и главен командир. Дејан Герасимов - Ханс ќе биде нов директор на Казнено поправниот дом во Штип кој ќе седне на местото на досегашиот в.д Мики Тодоров, млад борач кој за жал нема работно искуство од пет години како што пишувало во јавниот оглас. За прв човек на Управата за извршување на санкции останува досегашниот в.д директор, искусен човек кој долги години работи е во казнено поправната „политика“ тетовчанецот Јовица Стојановиќ.

Славе Ѓеоргиев ќе управува со истражниот затвор во Шуто Оризари.

Со затворот во Охрид ќе управува Ристе Недески. Старо/нов директор ќе има и во затворот во Гевгелија – Слободан Џонич, а за прв човек на Воспитно поправен дом – Тетово Зоран Стојановски. 

Со КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка ќе раководи Марјан Спасовски, а со затвор Прилеп – Слободанчо Ристески.

Со струмичкиот затвор ќе управува Жанета Багарова, додека за директор на КПУ Затвор Битола - Драган Крајовски. Не успавме да дознаеме само кој ќе раководи со најголемиот затвор во државата КПУ „Идризово“ со отворено одделение Велес, но се шпекулира дека овој затвор ќе биде човек од СДСМ.



Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно