Ексдиректор на одхридскиот Завод за здравствена заштита со државни пари запишал постдипломски, а не ги завршил

Ексдиректор на одхридскиот Завод за здравствена заштита со државни пари запишал постдипломски, а не ги завршил


Охридската полиција поднесе кривична пријава против 56-годишниот А.М. за злоупотреба на службената положба како директор на Заводот за здравствена заштита.

Според полицијата, во текот на 2007 година, пријавениот како директор на Јавната здравствена установа “Завод за здравствена заштита” Охрид се запишал на постдипломски студии, кои биле финансирани од “Завод за здравствена заштита” Охрид и требало да ги заврши во одреден рок. 

Пријавениот, до денот на поднесување на пријавата, не ги завршил студиите, ниту ги рефундирал примените парични средства со што се стекнал со материјална корист од 257.600 денари. За тој износ ја оштетил Јавната здравствена установа.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно