Еден загинат, над 20 лица повредени во железничка несреќа во Австрија

Еден загинат, над 20 лица повредени во железничка несреќа во Австрија


Во железничка несреќа што се случи во австриската провинција Стирија загина најмалку еден човек, а над 20 се повредени, објавија светските медими.

Еден воз, од засега непознати причини, излетал од шините и странично удрил во друга локомотива, во 1 часот по локално време кај јужниот австриски град Никласдорф. Австриската полиција на „Твитер“ потврди дека една жена загинала, а помеѓу дваесет и двајцата повредени има три деца кои се пренесени во болница. 

Во несреќата учествувале прекуграничен воз на „Еуро сити“ кој патувал од Грац до Саарбрикен во Германија и патнички воз. 

Австриските федерални железници (ОББ) објавија дека работниците се мобилизирани и операцијата за расчистување е почната.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно