Еден до сите,сите за...името

Еден до сите,сите за...името


Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети разговараат за последните активности за преговорите со Грција

Неофицијално, премиерот Заев на средбата ќе реферира за преземените владини активности во откочување на процесот за решавање на спорот со Грција и ќе се прави и анализа и координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц дадена на 17 јануари во Њујорк.

Лидерската средба е закажана по три дена од средбата на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на економскиот самит на 24 јануари во Давос, Швајцарија.

Средбата е во организација на Министерството за надворешни работи. Не е предвидено соопштение ниту изјави.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев кажа дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и дека решението за името треба да важи ерга омнес, а Заев, најави дека Владата ќе го промени името (Александар Велики) на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“.

Владини извори по средбата во Давос, брифираа дека Грција направила две отстапки: Грција нема да ја блокира Република Македонија да ја почне втората фаза од имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), како и членството на Македонија во Јадранско-Јонска Иницијатива (ЈЈИ).

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно