Џихадистите во Нигерија убија 18 лица

Џихадистите во Нигерија убија 18 лица


Во напад на џихадисти од Боко харам во Мидугури, голем град во североисточниот дел на Нигерија, загинаа најмалку 18 лица, а повредени се 84, објави денеска локалната агенција за управување со итни случаи СЕМА.

„Досега евидентиравме 18 жртви во две населби“, изјавил Бело Дамбато, шеф на СЕМА задолжен за евакуација, кој додал дека луѓето биле убиени додека бегале од вкрстениот оган на бунтовниците и војниците.

„Сега одиме во друга приградска област, каде што војската уби двајца бомбаши самоубијци пред тие да успеат да ги активираат појасите со експлозив“, рекол тој.

Големиот напад се случул во неделата околу 21.30 часот по локално време, при што дошло до вооружен судир меѓу војската и членовите на џихадистичката група кој траел речиси еден час, информираат воени извори според кои меѓу бунтовниците имало најмалку седум бомбаши самоубијци.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно