Џејми Оливер има долг од 71,5 милион фунти

Џејми Оливер има долг од 71,5 милион фунти


Неволјите на најпознатиот готвач во светот се вистински. Ланецот на ресторани Jamie Italian на готвачот Џејми Оливер има долгови од 71,5 милион фунти.

Како што објавија британските медиуми, Џејми им должи на вработените 2,2 милиони фунти, а лани остварил загуба од 10 милиони фунти. Освен долговите за плати, тој има долгови и за кредити, за данок, за кирија, како и долгови кон доставувачите. Сите тие се проценуваат на околу 30,2 милиони фунти. Документите покажуваат и дека Оливер им должи преку 400.000 фунти на доставувачите на производи во неговите ресторани. 

Џејми во петокот објави дека ќе затвори 12 ресторани во Велика Британија поради реконструкција на компанијата. Тој има 25 ресторани во Велика Британија и 28 во САД. Реконструкцијата на неговиот ланец на ресторани беше одобрен од 95% од инвеститорите, а тој ќе предизвика отпуштање на 450 вработени поради намалување на трошоците. Богатството на Џејми Оливер се проценува на 150 милиони фунти. 

Сепак, неинвестирањето, неатрактивните локации и големите трошоци им пресудија на рестораните на Џејми.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно