Џабе што е шампион, кога е силеџија

Џабе што е шампион, кога е силеџија


Конор МекГрегор е уапсен од американската полиција откако самиот се пријавил во полициска станица, јавуваат медиумите во САД.

Полицијата издаде налог за апсење за ирскиот ММА борец поради инцидентот кој го предизвика во арената каде претстојниов викенд треба да се одржи УФЦ 223 турнирот.

МекГрегор и неговата придружба во која бил и УФЦ колегата Артем Лобов, непоканети пристигнаа во „Барклис“ на крајот на презентацијата на борбите пред медиумите, при што со вандалско однесување оштетиле дел од инвентарот, но и едно од возилата со кои УФЦ борците од салата се упатуваа во хотел. Скршен бил прозорец на возилото, од што Мајкл Киеза заработил расеченици на лицето, додека Реј Борг има повреда на окото.

Организаторите го пријавија случајот во полиција која веднаш издаде потерница за МекГрегор, кој сега во полициска станица ќе очекува соочување со судија кој треба да одлучи дали ќе добие некоја посериозна казна.

Претходно, првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, најави дека ќе му го одземе појасот во лесна категорија на МекГрегор, додека поради учеството во инцидентот, Лобов сега е дисквалификуван и нема да учествува на УФЦ 223 настанот, на кој се одложени и борбите на двајцата повредени натпреварувачи. Вајт во својата изјава по инцидентот најави дека по ова „ништо нема да биде исто“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно