Две лица убиени во центарот на Подгорица (Видео)

Две лица убиени во центарот на Подгорица (Видео)


Две лица попладнето се убиени во пукотници во центарот на Подгорица, пренесуваат црногорските медиуми. Според информациите, засега непознато маскирано лице пукало во Радивое Јовановиќ и Милош Шаковиќ.

Како што неофицијално пренесува „Вијести“, двајцата, пред да се случи пукањето, седеле на различни столови во кафулето „Форум“ во центарот на градот. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. 

На местото на настанот се полициски екипи и форензичари, а центарот на градот е блокиран. Како што пренесуваат црногорските медиуми, најверојатно се работи за пресметка меѓу мафијашки кланови.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно