Две лица повредени кај Раштани, возачот го нема

Две лица повредени кај Раштани, возачот го нема


Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Велес – село Раштани, на крстосница на патот во изградба Велес-Прилеп кога патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки излетал од мостот и паднал на па

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, во незгодата со повреди се здобиле лицата Ф.Н.(21) и Б.К.(19) од велешкото село Бузалково кои со возило на Итна медицинска помош – Велес биле пренесени во велешката Општа болница.

– Инаку, лицето кое управувало со возилото не било најдено на местото на настанот и полицијата не можела да го евидентира, но трага по него, информира Додевски.

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, изјави дека лекарите од болницата констатирале полесни повреди, како нагмечувања, кои по неколкучасовното посматрање од тимот на лекари биле пуштени на домашно лекување.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно