Двајца загинаа во лавина во Италија

Двајца загинаа во лавина во Италија


Две лица починале во лавина додека скијале во одморалиште во централна Италија, објавија службите за итни случаи.

Уште едно лице е полесно повредено и однесено во болница со хеликоптер по несреќата во одморалиштето Кампо Феличе, што се наоѓа на 120 километри источно од Рим. 

Кампо Феличе е мало одморалиште кое е популарно кај жителите на Рим во Апенинските Планини.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно