Дваесет и едногодишен градежен работник почина од струен удар

Дваесет и едногодишен градежен работник почина од струен удар


Градежен работник, на возарст од 21 година, од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на улицата „Герника“ се изведувале градежни работи – истовар на цигли од товарно возило со кран.

 „Несреќата се случила откако дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што Џ.В., кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. 

Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата“, соопшти МВР.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно