Дрогба толкувач на односите Мурињо - Погба

Дрогба толкувач на односите Мурињо - Погба


Не поминува ниту еден ден, а медиумите на островот да не напишат нешто за односот на Жозе Мурињо и Пол Погба, пред се во негативен контекст.

Мурињо наводно не бил задоволен од Погба, но тоа и да е вистина, јавно не го покажува португалскиот стратег.

Многу аналитичари се јавија последните неколку недели, објаснувајки дека меѓу Погба и Мурињо има зла крв и дека таа врска наскоро ќе пукне.

Но сега некогашниот борец на Челси, играчот кој Мурињо го донесе на „Стемфорд Бриџ“, Дидиер Дрогба, смета дека меѓу нив се е во ред.

„Во минатото знаело да се закомплицира нешто помеѓу мене и Жозе, но никогаш тој нема да ги нападне луѓето кои не ги сака. Тој многу го сака Пол Погба, затоа и му даде толку големи задачи во клубот“, смета Дрогба.

Претходно мета на напади беше Микитаријан, односно играч кој беше определен од медиумите дека не го задоволува Мурињо, за подоцна тоа да се покаже како вистина и Микитаријан да биде отстапен во Арсенал.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно