Драматично сведочење на родителите! Плачела за помош: Мамо, помогни ми, возот излетува од шините

Драматично сведочење на родителите! Плачела за помош: Мамо, помогни ми, возот излетува од шините


Во несреќата на возот кој утрово излетал од шините кај Милано, настрадале три жени, десет лица биле тешко повредени, а 110 луѓе имаат полесни и средно тешки повреди.

Во италијанските медиуми е наведено драматичното сведочење на родителите на една девојка која се наоѓала во возот, наменет пред се за превоз на луѓе кои работат во Милано.

"Ќерка ми ми се јави на телефон малку пред несреќата. "Мамо, помош, возот излетува од шини!". Потоа тишина. Ништо друго не ми кажа, сега не се јавува на телефон", рекла мајката на патничката.

Таа со сопругот на станицата во местото Сеџано ди Пјолтело чека информации за својата ќерка.

Се наведува дека возот "Трендора" доаѓал од Кремоне и одел кон миланската станица Гарибалди.

Италијанската агенција наведува дека се превртеле два централни вагони и дека пожарникарите и спасувачките екипи сечат лим за да ги извлечат патниците.

Италијанската агенција наведува дека се превртеле два централни вагони и дека пожарникарите и спасувачките екипи сечат лим за да ги извлечат патниците.

Се наведува дека повредените се пренесуваат со хеликоптери во околните болници.


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно