Драма во Аеродром: Го предупредил да ја намали музиката, па бил удрен со цигла

Драма во Аеродром: Го предупредил да ја намали музиката, па бил удрен со цигла


Четириесет и осум годишниот И.Т. вчера бил физички нападнат откако го предупредил Е.Д. да ја намали музиката.

Од полицијата информираат дека на улицата „Владимир Комаров“ од страна на Е.Д. и уште неколку лица физички бил нападнат И.Т. (48) и бил удрен со цигла во пределот на рамото, а откако побегнал во бараката каде што живеел, лицата со секири удирале во бараката и искршиле неколку прозори. 

-Во моментот на нападот присутна била и неговата невенчана сопруга. Причина за нападот, според пријавата, било тоа што И.Т. претходно го предупредил Е.Д. да ја намали музиката, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно