Драма пред кафе бар во Арачиново - му ја расекол ногата, па извадил пушка

Драма пред кафе бар во Арачиново - му ја расекол ногата, па извадил пушка




Вчера во 23 часот, Е.Р. од Арачиново пријавил дека истиот ден околу 11:20 часот во село Арачиново во близина на Општината, пред кафе бар го забележал лицето Б.В., заедно со неговиот брат Б.В. и две непознати машки лица дека застанале со патничко возило „Голф-4“ со скопски регистарски ознаки по што Б.В. излегол од возилото и се приближил кон Е.Р, а останатите три лица стоеле позади него.

Според пријавителот, во еден момент Б.В. го удрил со тупаница во пределот на лицето, по што избегал и влегол во возилото, а кога Е.Р. се приближил до возилото, почувствувал дека некој од лицата со остар предмет му нанел расекотина на десната рака. Потоа, Б.В. излегол од возилото и извадил пушка заканувајќи му се на Е.Р., но по кратко време се повлекол во неговото возило и заминал од лице место. 

Според пријавеното, причина за настанот е расправија околу вознемирување на братучедка на Е.Р., на социјалните мрежи. Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно