ДПМНЕ уште поподелени,по интерпелацијата

ДПМНЕ уште поподелени,по интерпелацијата


Легитимно право на опозицијата да ја руши Владата или алиби за враќање во Собранието и давање легитимитет на власта поради претходно направен договор меѓу партискиот лидер Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев?



Членовите на ВМРО-ДПМНЕ не се начисто што точно сакаше да добие новото раководство во ситуација кога беше апсолутно јасно оти не се во состојба да имаат 61 пратенички глас против работата на Владата. Добар дел од нив се лути што е прекинат бојкотот кога не се исполнети ниту математичките барања за ослободување на сите притворени опозициски пратеници за настаните од ланскиот април.

Професорот Јове Кекеновски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година и моментно ја предводи фракцијата за промени, вели дека интерпелација не се поднесува кога поднесувачот не е сигурен дека барем малку ќе го наруши рејтингот на Владата.Се чини дека станува збор за алиби по договорот во четири очи меѓу Заев и Мицкоски, со кој овој вториот ќе добие заштита за тие што треба да ги заштити“, ни изјави Кекеновски.Дилеми има и кај членството и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои се збунети од потезите на новото раководство.„Мицкоски со импровизираната интерпелација ќе му даде поголем легитимитет на Заев, ќе му даде следни 100 дена гратис, бидејќи не смее да покренува недоверба во тој период (кога ќе се менува името) и ќе предизвика дополнителна фрагментација во редовите на опозицијата“, тврди Белески.На крајот, прашува дали можеби новото раководство е уценето да биде послушна опозиција преку случаите на СЈО против Мијалков и Груевски, кои на конгресот го наместија Мицковски за претседател. Потоа, дали можеби тоа што „белата палата“ е под хипотека го тера новото раководство да бара уште кредити во Комерцијална банка и со сервилност да спушта камата? Дали е вистина дека Мицкоски заедно со уште два-три члена на раководството има бизнис со хидроцентрали на туѓи имиња, па Заев го условува со тоа и дали за ВМРО-ДПМНЕ како партија поважни се Законот за финансирање на партии и Законот за заштитени сведоци, отколку неуставниот закон за двојазичност, најавата за смена на уставното име и политичките притворања на патриотите?

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно