Доживотна за намера, со неместено лажно убиство

Доживотна за намера, со неместено лажно убиство


40-годишниот Леон Џејкоб, е осуден на доживотна казна затвор бидејќи планирал двојно убиство - на својата поранешна девојка и на поранешниот сопруг на новата партнерка.

Џејкоб, кого американските медиуми го нарекуваат пропаднат доктор, изнајмил платен убиец, без да знае дека се работи за полицаец од Хјустон кој бил на тајна задача. 

Тој злосторството го планирал со Валери МекДаниел, позната ветеринарка во тој град, која кратко по апсењето се самоубила скокајќи од балкон.

Како што се наведува, тие сакале да се ослободат од поранешната девојка на Џејкоб, Меган Верикас, и поранешниот сопруг на Валери, Мерион Мек Мекданиел.

Пронашле човек кој би го извршил злосторството,, а му платиле 10.000 долари, меѓутоа, кога потенцијалниот убиец исчезнал со парите, Џејкоб го повикал Мајкл Кубош. Тој се занимавал со кауции, а како што подоцна се воспоставило, го познавал и Џејкоб и мажот кој исчезнал со парите.

Во тоа време, Џејкоб бил на слобода со кауција бидејќи бил обвинет за насилство над Верикас.

Кубош увидел дека се случува нешто сомнително, па ја известил полицијата. Го пронашле исчезнатиот "убиец" и го убедиле да го запознае Џејкоб со еден полицаец, кој требало да се претстави како "човекот за работата".

На Џејкоб му покажале фотографии од злосторството за да му покажат дека се е завршено како што и барал. Секако, тој не знаел дека станува збор за местенка и дека на фотографиите Меган и Мек се прекриени со лажна крв.

Тоа што најмногу го зацементирал случајот на Џејкоб е снимката која настанала во еден ресторан, каде тој на платениот убиец му објаснува како сака да се извршат убиствата.

На поротата и било потребно помалку од еден час да донесе одлука.

"Верувам дека се се случува со причина. Додека седиш во затвор, се надевам дека ќе мислиш на мене, на девојката која ја нарекуваше необразована. Поради мене до крајот на животот ќе бидеш во затвор", рекла Меган Верикас.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно