Доналд Трамп сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица

Доналд Трамп сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица


Веќе е познато дека канцеларијата на претседателот на САД сака да ги намали трошоците за вселенско истражување, па Меѓународната вселенска станица ќе прима далеку помали инвестиции во периодот до 2025 година.

Освен намалувањето на буџетот, Доналд Трамп размислува да ја направи Меѓународната вселенска станица (МВС) приватен ентитет кој целосно е управуван од компанија од приватниот сектор. Трамп планира комплетно да го укине финансирањето на МВС по 2024 година, и сака од 2025 таа да се најде рацете на приватен инвеститор кој ќе направи од неа предмет кој ќе има комерцијална вредност и ќе придонесува во економијата на земјата. 

Ова значи дека Белата куќа не сака да ја затвори МВС, туку напротив, сака да ја одржи во живот со туѓи средства. „Одлуката дека ќе престанеме да ја финансираме МВС од почетокот на 2025 година не значи дека платформата ќе биде затворена, туку во моментот работиме на наоѓање на решение кое ќе ја одржи станицата во живот како комерцијална платформа“, стои во документот кој го издаде Белата куќа. 

Предлог-буџетот на САД треба да биде изготвен денес, а администрацијата ќе побара од потенцијалниот инвеститор околу 150 милиони долари за МВС за 2019 година, со можност сумата да се зголеми во наредните неколку години. Се очекува дека планот за приватизација на МВС ќе биде пречекан со негодување од опозицијата, посебно поради тоа што САД потрошија околу 100 милијарди во нејзиното производство и управување.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно