Додик прави војска-вели западот.Додик- на Запад имаат бујна фантазија

Додик прави војска-вели западот.Додик- на Запад имаат бујна фантазија


Платеници обучени од страна на Руси помагаат во формирање на паравоена единица за поддршка на српските сепаратистички лидери во Босна, пренесува "Guardian" повикувајќи се на сараевскиот весник "Journal News".

Таа информација, пренесува британскиот весник, ја потврдил и министерот за безбедност на Босна, а "доаѓа во време кога Западот е загрижен поради руските напори да го дестабилизира Балканот и да сопрат приклучувања на земјите од Балканот во НАТО".

"Во вторникот Милорад Додик, огнен лидер на босанските Срби, одржал воена парада во Бања Лука, и покрај одлуката на Уставниот суд. "Journal" пишува дека милицијата со име "Српска Чест", која минала обука во рускиот хуманитарен центар во Ниш во Србија, се подготвува да воспостави паравоена група која би била користена против противниците на Додик", пишува "Guardian". 

Весникот додава и дека сараевски "Journal" објавил фотографии од оваа милиција на улиците на Бања Лука, на кои позираат во црни дуксери и борбена опрема. Сараевскиот весник објавил и дека еден од лидерите на таа милиција е Србинот Бојан Стојановиќ, наводно паравојник кој минал обука во Москва и на кого рускиот генерал Валериј Калијакин му доделил медал.

"Свесни сме за ова подолго време и собравме доста информации на таа тема", рекол министерот за безбедност Драган Мектиќ, пренесува "Guardian", и додал дека не може да изнесува детали.

Како што се наведува во извештајот на британскиот весник, кој го пренесуваат босанските медиуми, оваа група регрутира членови во српското подземје за да формира единица лојална на Додик. Весникот се повикува на протечени документи од тајните служби, во кои се наведува дека соработниците на Додик расправале за целите со лидерите на новата единица, меѓу кои се наведува и "можна интервенција ако опозицијата се обиде да го спречи функционирањето на авторитетот".

"Guardian" пишува и дека Стојковиќ на својот профил на Инстаграм објавил фотографија од Владимир Путин, под која напишал "За таков претседател вреди да се даде животот", додека под фотографијата на Додик напишал "Никој не може да не повреди, посилни сме од судбината".

Британскиот весник истакнува и дека паравојската во Босна се појавила 15 месеци откако руската тајна служба се вмешала во обидот за пуч во Црна Гора и наводно планирале атентат на црногорскиот лидер на ДПС, Мило Џукановиќ, во обид да спречат влез на земјата во НАТО.

"Владата на Босна исто така работи на влегување во НАТО, но отпорот на Република Српска под Додик го кочи тој процес", наведува "Guardian".

"Ова е дел од поголеми промени во меѓународниот поредок, почнувајќи од Грузија, Сирија, Украина и мешањето во американските избори. Русите одлучиле да го искористат своето влијание на Балканот за да ги постигнат саканите резултати, крај на Дејтонскиот договор и создавање на Српска држава", рекол Руф Бајровиќ, поранешен министер за економија во БиХ.

Кабинетот на претседателот на Република Српска ги отфрлил тврдењата кои се појавиле на некои портали дека "Милорад Додик со поддршка на Москва формира паравоени единици".

Република Српска има свои Устав и Закони, а таквите наводи кои се појавија на некои портали се многу опасни.

"Дека е така сведочи и фактот дека авторот на текстот не се повикал на ниеден доверлив факт кој би укажал на точноста на неговите наводи", се истакнува во соопштението.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно