Директорот на штипската болница чека спас за ,,Кежовица'' од Министерството за здравство

Директорот на штипската болница чека спас за ,,Кежовица'' од Министерството за здравство


Министерството за здравство да пресече како да се подобрат условите во физикалната терапија Кежовица.

Директорот на штипската Клиничка болница бара од ова министерство или објектот да се реновира или да им се врати правото на користење. „Да одлучат дали тие ќе реновираат или ќе ни го вратат објектот во наша одговорност. Одлуката ќе биде нивна. 

Ние не можеме таму да реновираме дека не е во наше владеење “, вели Ален Георгиев - директор на Клиничка Болница Штип Пред три години за потребите на отсекот за физиотерапија штипскиот универзитет доби 2/3 од физикалната терапија, а останатиот остана на Министерството за здравство. 

Од УГД велат дека без поддршка од Министерствата или меѓународни проекти немаат два милиони евра колку би чинела целокупната реконструкција на објектот што државата го остави да пропаѓа повеќе од една деценија „Едно комплексно прашање за кое универзитетот бара решение, но дејноста на универзитетот е доминантно наставата и науката “, вели Кирил Барбареев - проректор на УГД И покрај тоа што дневно низ овие ходници поминуваат и по 160 пациенти, за нивниот процес на рехабилитација се грижат само двајца лекари специјалисти и девет вработени физиотерапевти. 

Од Клиничката болница очекуваат дека надлежните Министерства ќе обезбедат пари за да се реши и недостатокот од кадар.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно