Директорката на Гинекологија потврди дека починале 35 бебиња, Директорке СПРЕЧИ а не туку потврдувај!

Директорката на Гинекологија потврди дека починале 35 бебиња, Директорке СПРЕЧИ а не туку потврдувај!


Директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска за „Фокус“ ги потврди информациите дека во последните три месеци во болницата починале 35 бебиња, што според неа, се исто така алармантни бројки. пишува Фокус.

– Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики – вели доктор Јовановска. Редакцијата на Фокус објави дека на скопска Гинекологија за само три месеци починале повеќе од 35 новороденчиња, што е за 2,6 отсто помалку од истиот период лани. 

Директорке наместо да демантираш и ни кажуваш приказни за мали деца РЕГИРАЈ, затоа сте поставени на тоа место каде што сте, а не да ДЕМАНТИРАТЕ. Вие не сте Аналитичар, политичар и демагог за да ни давате Потврди и Деманти, туку да ЛЕКУВАТЕ. Сите сакаме да се радуваме на НОВОРОДЕНЧИЊА!


Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно