Диего Коста:Еве, каква е оваа репрезентација без Меси

Диего Коста:Еве, каква е оваа репрезентација без Меси


Селекцијата на Аргентина синоќа беше демолирана во Мадрид, откако со убедливи 6-1 беше поразена од европскиот гигант, Шпанија.

Фановите на „гаучосите“ по победата над Италија од пред неколку дена сметаа дека оваа генерација може и без Лионел Меси, но „фуријата“ на еден начин ги врати во реалноста.

По овој пораз на Аргентина можеби неочекувано најгласен беше шпанскиот голгетер Диего Коста кој ги нападна Аргентинците поради критиките кои во последниот период ги упатуваа кон Лионел Меси. 

„Многу често Меси е критикуван во Аргентина, тоа понекогаш ги поминува сите граници. Истите се надевам дека вечерва видоа на што личи оваа репрезентација без него. Аргентина треба да го чува и да му е благодарна на Меси, а не по секоја цена да го критикува“, вели членот на Атлетико Мадрид. 

Големата победа на Шпанија ѝ ја донесоа Иско со три и Коста, Аспас и Тиагосо по еден гол, додека почесниот погодок за „гаучосите“ го постигна Отаменди за тогашни 2-1.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно