Ди Марија не заборава што му направи Реал

Ди Марија не заборава што му направи Реал


Анхел Ди Марија имаше навистина убава етапа во Реал Мадрид која ја заокружи и со титула во Лигата на шампионите, но набрзо после тоа, односно по Светското фудбалско првенство во Бразил.

Феноменалниот аргентински крилен напаѓач беше продаден од „кралевите“ откако му беше кажано дека ќе нема место за него во стартната постава.

Судбината сега повторно го носи Ди Марија на „Сантијаго Бернаебеу“ каде утре заедно со своите соиграчи од ПСЖ ќе се обиде да оствари поволен резултат пред реваншот во Париз, а од најавата која ја даде за големото дерби во интервјуто за „Со Фут“ магазинот, може да се заклучи дека Аргентинецот и тоа како е наострен за утрешниот меч против поранешниот тим.

– Мојот однос со Реал Мадрид заврши во моментот кога го завршив мојот престој во Мадрид. Ќе немав воопшто никаков проблем да играм за Барселона, токму поради тоа бев блиску до трансфер во овој клуб изминатово лето. Единствениот клуб за кој никогаш нема да потпишам е Њуелс, а тоа е така бидејќи јас сум страствен фан на Росарио Централ, – порачува Ди Марија кој во продолжение се наврати на неблагодарното писмо кое му го испратил Флорентино Перез на деното на финалето на Светското првенство, во кое како претседател на Реал Мадрид побарал да не игра на важниот меч.

– Го добив тоа писмо од Реал Мадрид на денот на одигрувањето на финалето. Бев многу вознемирен кога го читав и потоа го искинав. Во писмото пишуваше дека аргентинската федерација ќе биде одговорна ако се повредам во случај да играм на финалето. Не ми е потребно да го прочитам тоа писмо и да се потсетувам на тоа. И вака сум исклучително мотивиран да играм против нив. Самото играње против Реал е повеќе од голема мотивација за мене, – завршува Аргентинецот.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно