Девојче од 15 години крвнички ја избодела пријателката за да принесе жртва на измислен лик

Девојче од 15 години крвнички ја избодела пријателката за да принесе жртва на измислен лик


Петнаесетгодишната Морган Гејзер од Висконсин е осудена на 40 години робија во затвор за психички болесници поради злосторството кое го извршила во 2014 година, кога ја нападнала, избодела и за малку не ја убила пријателката Пајтон Лојтнер.

Таа злосторството го извршила заедно со пријателката Аниса Вејер, а несреќната девојка ја оставиле во шумата. Кога биле уверени дека е мртва, побегнале. Избодената девојка успеала да дојде до работ на шумата и таму ја видел велосипедист кој повикал помош. Морган ја избодела својата пријателка дури 19 пати. И ги избодела рацете, нозете и торзото. 

Тие пријателката од училиштето ја нападнале бидејќи сакале на Слендермен да му принесат жртва. Девојките на инспекторите им рекле дека на злосторството ги натерал Слендермен, измислен лик од хорор приказни кои кружат на интернет. 

Цртежи од Слендермен биле пронајдени во спалната соба на Морган Гејзер, а таа во текот на истрагата изјавила дека повторно ќе го изврши злосторството доколку и нареди Слендермен. Слендермен е креација на Ерик Кнудсен, која станала вирална и многу популарна на интернет, па околу неа набрзо се создала цела митологија. 

Морган и Аниса ја префрлале одговорноста една на друга, а биле шокирани кога дознале дека Пајтон е жива.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно