Дел од притворените за упадот во Собранието, почнуваат штрајк со глад

Дел од притворените за упадот во Собранието, почнуваат штрајк со глад


Откако утрово повторно беа притворени петтмина од учесниците во инцидентите во Собранието, дел од нив почнуваат штрајк со глад, дознава „Макфакс“.

Според првичните информации, поранешниот припадник на МВР, Оливер Поповски, одбил да прими храна во знак на протест. Наште извори не ја исклучуваат можноста на штрајкот со глад да се се приклучат и останатите притворени. Директорот на истражниот затвор Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не сакаше да зборува за штрајкот со глад. 

„За овие информации ќе се обратите во судот. Не сакам да коментирам ништо“, вели Котевски за „Макфакс“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно