Дедото на Тамара доби условна казна за нелегално поседување на оружје

Дедото на Тамара доби условна казна за нелегално поседување на оружје


Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс министерот за здравство Никола Тодоров.

За ова дело, тој доби условна казна затвор од 2 години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело.

Стојановски не призна вина за обидот за убиство и за ова дело почна одвоен судски процес. Во воведниот говор адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ рече дека дедото на Тамара немал намера да пука кон екс министерот, туку целта била да го искористи настанот – примопредавање на функцијата во Министерството во здравство на кој знаел дека ќе има и медиуми и да испрати порака до државните власти дека треба да обезбедат услови за живот на сите болни деца. Според адвокатката на Стојановски, тие во текот на судскиот процес ќе се обидат да докажат дека пиштолот испукал кога некој од присутните му ја турнал раката на Стојановски. Никола Тодоров како оштетен кажа дека го забележал Стојановски кога се качувал по скалите во Министерството за здравство. 

– Кога стасав до последната скала, обвинетиот ми се доближи, го впери пиштолот на 30 сантиметри од мојата глава и испука без предупредување, рекол Тодоров на сведочењето, пренесува Телма. Следното рочиште е закажано за 18 април, кога треба да сведочат таткото и братучетката на Тодоров. Тие разговарале со Стојановски на 1 јуни лани кога тој го барал екс министерот во неговиот дом.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно