Дедо поп не бил дилер, дедо поп бил само курир

Дедо поп не бил дилер, дедо поп бил само курир


Стефан Митровиќ (26) од Крушевац, Србија, свештеник кај кого беше пронајдена дрога, изјавил дека тој бил само курир, но не и дилер во примопродажбата на дрогата, пишуваат медиумите во Србија.

Тој во понеделникот беше уапсен во Врњачка Бања со 50 грама марихуана и исто толку амфетамини. Кај обвинителот изјавил дека тој требал да го однесе пакетчето од Крушевац до Врњачка Бања.

– Изјави дека бил само обичен курир. Пакетчето не било негово, само требал да го предаде во Врњачка Бања. Знаел дека вози дрога, но ’некој’ од Крушевац му ја дал да ја однесе – вели извор од полицијата.

Во епархијата во Крушевац не го коментираат апсењето и велат дека го чекаат исходот од истрагата.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно