Дали во Штип на повидок е нов СКАНДАЛ со Испитниот Центар за Возачи?!

Дали во Штип на повидок е нов СКАНДАЛ со Испитниот Центар за Возачи?!


Дојде животот, да дојде. Но за кого-како. Имено деновиве екипата на ИнфоЦентар по пријава на граѓанин и неколкумина луѓе кои се пофалија дека нема да полагаат сега ќе почекаат да профункционира новиот испитен центар и новата комисија.

Како новинска агенција која нели се боревме за слобода на говор и живот за сите, повеќе од дваесетина луѓе ни се обратија со зборовите „А за Вашите ќутите, а?“ 

Епа драги наши читатели да Ви се обратиме прво од наше име: Нит сме ќутеле нит пак имаме таква намера, како прво сите до еден сме НОВИНАРИ а не герилци кои се занимаваат со препишување на вести од рекла - казала муабети, и секако секој што се самофорсира ќе биде објавен од наша страна па нека си го пере го*ната како знае и умее. 

Деновиве во Штип се местат канцеларии, се прави нов „испитен центар“ веднаш над сега постоечкиот во некогашната управна зграда на фабриката Астибо, се доделувале звања: „Ти ќе бидиш во комисија, ти шеф, ти референт, ти администратор, и уште по некоја функција доделена на кратко кажано на „нероден ПЕТКО, му се крои капа. Беа вмешани многумина луѓе кои секако Инфоцентар ги контактираше некои од нив категорично одбија да одговорат дал е вистина или не, а имаше и такви кои се пофалија дека веќе работат во новиот „испитен центар“. Според нашите информации и истражување лиценцата за Испитен Центар за Источниот регион до 27-ми Февруари ја поседува „Европски возач“ на сопственичка од Виница, а веќе наголемо се слуша дека Штипјанец добро познат во партиските кругови на СДСМ во Штип се самопрогласил за нов сопственик на Испитен Центар (Секако име нема да споменуваме за да не се навреди дотичниот, или недај боже му нанесиме душевен немир) бидејќи го имаме ова искуство. Мислам дека после ова ќе се запрашаат и МВР а и лично премиерот преку неговите служби да се спречи ПАРТИЗИРАНОСТ за новите возачи, за да не ни се случува во државата прасе/јагне - возачи. Новата лиценца која треба да се додели е за пет години а веќе има „сопственик“ или самонаречен сопственик, мислиме дека времето до 27-ми Февруари ќе каже дали ИнфоЦентар е во право. БАРАВМЕ ПРОМЕНИ, БАРАВМЕ ЖИВОТ ЗА СИТЕ, неможе за некој да доаѓаат ЖИВОТИ а некој да трпи за ЛЕБ и сеуште да си го сака ЖИВОТОТ. Господине од „странство“ наместо да бидите пример дека на нашиот град му требаат поголеми работи од отварање на Фабрики за работа до повеќе пари за сите, Вие сакате да бидите „монополец“ кој ќе има „скромно“ местенце ПРИВАТЕН ИСПИТЕН ЦЕНТАР и новите возачи ќе полагаат кај Вас и ќе имаме професионални возачи. Ние ќе дишиме во врат на секого кој властта ќе ја смета за само своја, зошто единец не ја донесе победата на изборите и единец не работеше кампања а во случајот лично ВИЕ не сработивте ништо и тоа многу добро го знаете. Ние пишувавме и за истотака непрофесионалноста на АМД ЛОПЕН од Кочани но засега никој од надлежните не превзема мерки да го испита овој случај. Знајме многу ама нема и да ќутиме, Ајт сеа поздрав и убав ден .........

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно