Дај не ме зафркафајте за Барса-беше одговорот на Клоп

Дај не ме зафркафајте за Барса-беше одговорот на Клоп


Германецот не можел да поверува дека фаворитот е елиминиран од елитата и дека „волчицата“ надополнила три гола негатива од Шпанија.

Јирген Клоп, стратегот на Ливерпул, по дуелот на „црвените“ и Манчестер Сити исто така ја искоментира и втората четвртфинална средба во истиот термин меѓу Рома и Барселона. Германецот не можел да поверува дека фаворитот е елиминиран од елитата и дека „волчицата“ надополнила три гола негатива од Шпанија. „Некој ми го спомена резултатот во тунелот, мислев дека ме лаже. Не дека не ја почитувам Рома како тим, тие имаат фантастичен состав. Едноставно, не очекував таков епилог. Знаев дека постои можност, но не очекував да направат таков подвиг против Барселона. Плус, останаа и без Салах, а успеаја да направат голем резултат - да се пласираат во полуфиналето на ЛШ“, истакна Клоп. Ливерпул и Рома чекаат на уште два тима во полуфиналето, а ќе ги добијат по финишот на дуелите меѓу Реал Мадрид и Јувентус, односно Баерн Минхен и Севиља. Од првите натпревари сигурна предност имаат „кралевите“ и „баварците“.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно