Да се укине протекторатот во Босна

Да се укине протекторатот во Босна


Русија се спротивставува на какви било измени на Дејтонскиот договор, особено што со тоа би можело да ѝ се наметне на Босна и Херцеговина нов облик на организација на власта, изјави Марија Захарова.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на редовна конференција за медиумите рече дека Русија како една од земјите што се гаранти на Дејтонскиот договор досега беше секогаш за ригорозно негово почитување.

Русија ги повикува западните партнери да го почитуваат босанското право да ги решат сите спорни прашања за дијалогот во рамките на Дејтонскиот договор. Исто така, повикуваме и на ставање крај на протекторатот на меѓународната заедница над Босна и Херцеговина“, порача Захарова.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно