Црна Гора се гуши во мафијашки пресметки

Црна Гора се гуши во мафијашки пресметки


Според Советот за национална безбденост на Црна Гора, безбедносната ситуација во земјата била нарушена поради големиот број на  судири меѓу организирани криминални групи. 

Советот побара  формирање заеднички спцијализирани тимови со задача поефикасна борба против организираниот криминал. До седницата на Советот ова дојде по двојното убиство во Подгорица пред два дена. Во досегашните пресметки меѓу криминалните кланови загинале најмалку 20 луѓе, од кои четири жртви биле случајни. 

Само во изминативе триесет дена во Подгорица имало шест бомбашки напади.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно