Црна Гора прва во ЕУ од Западен Балкан

Црна Гора прва во ЕУ од Западен Балкан


Идното проширувањето на Европската Унија најверојатно ке започне со Црна Гора , навести еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Тој од Подгорица повтори дека заслугите на секоја земја од регионот на Западен Балкан ке се мерат индивидуално и дека нема влегување во зедницата се додекја не се исполнат сите обврски и реформи нотирани во стратегискиот докумнет  на Брисел.  

Ваквите пораки на Европската Комисија за Фајненшл Тајмс се далеку од реалноста. Во коментарот на весникот исполнувањето на стандардите на ЕУ е  речиси невозможна мисија за балканските земји, но на неа мора да се истрае бидејки Брисел не може да си дозволи да во регионот да влезе руското влијание.

Весникот вели дека е за пофалба инистирањето на Унијата да се решат локалните спорови пред земјите да влезат во Еу, но се сомнева дека Брисел има механизми за такво нешто. Кај македонија пречка во започнување на процесот на преговарање е спорот со името, за кој  дел од пратениците воо европскиот парламент мислат дека е  неправеден.

Маријана Петир, европарламентарка од Хрватска  порачува дека  Европска унија  јка оставила Македонија на милост и немилост на Грција, 

Секој народ има право на самоопределување – тоа е универзално и темелно право, а грчките постапки се косат со тоа темелно начело на меѓународното право и на вредностите на кои почива Европска унија, вели Петир.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно