Ciao Gigi!!!

Ciao Gigi!!!


На пријателскиот меч вечерва на “Вембли“ помеѓу селекциите на Англија и Италија, од фудбалот ќе се прости една голема легенда, Џанлуиџи Буфон.

Италија не успеа да се пласира на Мундијалот во Русија ова лето, па затоа и од таму доаѓа причината за повлекување на неверојатниот голман, кој за репрезентацијата на „Аѕурите“ забележа досега 177 настапи, што е апсолутен рекордер.

Вечерва на англискио „Вембли“ ќе има многу емоции сигурно, а токму вечерва ќе биде последната репрезентативна обврска на овој исклучително фантастичен голман.

Со Буфон последен пат на терен може вечерва да се случи да излезат и Андреа Барѕаљи и Даниеле Де Роси, а прашање е дали и Џорџо Кјелини повторно ќе заигра за Италија.

Текстот не смее да се печати или емитува без согласност и договор од редакцијата на ИнфоЦентар.Мк

Актуелно